You are on page 1of 13

СОУ „Таки Даскало“ - Битола

НАСОКА: Рударство

СЕМИНАРСКА РАБОТА НА ТЕМА: ОДВОДНУВАЊЕ

ПРЕДМЕТ: РУДАРСТВО СО ОТКОПНИ МЕТОДИ

Ментор:

Валентина Маневска
СОДРЖИНА

Вовед ........................................................................................................................................ 1
ХИДРОЛОГИЈА..................................................................................................................... 5
ОДВОДНУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИ РУДНИЦИ .......................................................... 6
ПРИЛИВ НА ВОДА ВО ХОРИЗОНТАЛНИ И ВЕРТИКАЛНИ РУДАРСКИ
ПРОСТОРИИ .................................................................................................................. 7
Заклучок
Користена литература
ВОВЕД

Под одводнување во рударството подразбираме комплексни мерки врзани за


борбата со подземните и површинските води во сите фази на изградба и експлоатација
на лежишта со минерални суровини. Треба да знаеме дека помеѓу минералните
суровини, подземните и површинските води секогаш имаме постојана интеракција.
Површинските и подземните води постојано ги загрозуваат рударските објекти и
постојано им пречат во извршувањето на работата во нив. Истовремено со рударските
дејствија, подземните и површинските води кои се важни фактори на еколошката
средина се загрозуваат. Заедно со нивното загрозување вршиме и загадување на
животната флора и фауна во околината на рудникот но и пошироко, и затоа е потребно
да се изградат објекти за одводнување, заштита и чистење на загрозените води. Под
објекти за одводнување во рударството се подразбираат рударски хидротехнички
објекти кои служат за одводнување и ја заштитуваат водата од загадување. Во
подземната експлоатација на минералните суровини заедно со прашината и гасовите го
сочинуваат комплексот на природни фактори кои ги загрозуваат експлоатацијата на
работата. Големите продори на вода освен економски трошоци ( губење на опрема во
периодот на потопување, прекин на производство и сл.) може да ги загрозат и животите
на рударите во подземните објекти-јами. За да можеме овој проблем успешно да го
совладаме најпрво треба детално да бидеме запознаени со хидролошките и
хидрогеолошките карактеристики на лежиштето и околината а исто така и физичко
механичките карактеристики и тектонското пореметување кое често носител на големи
количества на вода. За таа цел користиме хидрогеолошки планови (нацрти) на самиот
рудник, во кои се среќаваме со сите потребни податоци кои се резултат на претходни
истражувања и анализи. Кога ги имаме ваквите информации можеме да ги утврдиме сите
фактори на загрозување на подземните рударски објекти и да најдеме соодветно и
рационално решение за заштита, сигурност и економичност. Проблематиката со
одводнувањето на површинските копови и ископувалишта се разликува од
проблематиката со одводнувањето на подземните работни објекти и сето тоа условило
посебни методи на одводнување Разликата првенствено е изразена во можноста за
одводнување на површините ( со бушење, филтри, бунари, екрани и сл) и затоа
сигурноста и економичноста на работата има големо значење. Реализацијата за успешно
одводнување во рударството бара знаење од многу области кои се тесно поврзани со
геологијата, хидрологијата, динамиката на подземни води , хидротехниката, механиката
на земја и дно, бушење како и познавање на техниките за изградба на длабински бунари
, рударски хидротехнички објекти и подземни рударски простории.
ХИДРОЛОГИЈА

Хидрологијата претставува наука за водата, која се занимава со проучување на


квалитативните и квантитативните својства на водата, појавата во природата и нејзиното
движење. Врз основа на податоци со системското испитување на хидролошките појави
се изучуваат и законитостите кои владеат во режимот на водата. Ваквите закони служат
за прогноза на постојаната состојба и движењето на водата. Хидролошките проучувања
се базираат на разновидни мерења на реките, езерата и другите површински и подземни
текови а се изведуваат и на хидролошки модели. Водата на Земјата постојано кружи. Тоа
кружење може да биде надземно ( атмосфера и површина на Земјата) и подземно. Затоа
како распоредена водата на Земјата е прикажано во табела 1.

Бр. Област Површина Врнежи Испарување Разлика

106 км2 103км мм 103 км мм 103км мм


1 Океани и мориња 361.5 411,6 1140 447,9 1240 -36.3 -100
2 Копно -вкупно 148,5 107,09 720 70,0 480 +36.3 +240
3 Копно со притисок 116,8 99,3 850 63,0 540 36.3 310
4 Копно без притисок 31,7 7.7 240 707 240 0 0
ЗЕМЈА 510,0 518.6 1020 518.6 1020 0 0

Водата во природата се наоѓа во непрекината состојба на движење, образувајќи на некој


начин затворен круг кој е познат како "кружен тек на водата". Ваквиот кружен тек се
остварува под дејство на сончевата енергија и јадрото на земјата. Можеме да издвоиме
три карактеристики на ваквиот тек: голем, мал и внатрешен тек. Во големиот кружен тек
( ГКТ) водата која испарува од површината на океаните и морињата се кондензира во
атмосферата во вид на атмосферски талог кој паѓа на копното па површински или
делимично заедно со подземниот притисок повторно се враќа во морињата и океаните.
Малиот кружен тек (МКТ) претставува вода која испарува од површината на морињата
и океаните и во вид на атмосферски талог повторно се враќа назад. Внатрешниот кружен
тек (ВКТ) го сочинува водата од копното која во вид на атмосферски талог повторно
паднала на копното.
Сл. 1. Изглед на кружниот тек на водата

Хидролошкиот циклус или кружењето на водата е постојан процес на кружење,


обновување и привидно губење на водата на Земјата бидејќи Земјата ја сметаме како
затворен хидролошки систем . Основни процеси на кружење на водата во
хидролошкиот систем се:

 Врнежи- (percipitation)P
 Испарување – (evaporation) E
 Притисок -(outflow) O
 Транспирација – (transpiration ) T
 И според тоа ја добиваме следнава релација: Р= Е+О .
Водениот биланс е резултат на анализата на хидролошките циклуси на одреден
простор во одреден простор.

ОДВОДНУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИ РУДНИЦИ


Во фазите на истражување односно пред изработка на рударските простории и отворање
на рудници се собираат одредени податоци во работната средина а посебно со средини
на хидролошки и хидрогеолошки услови. Основни простории на отворање и разработка
на лежишта на минерални суровини се појавуваат во облик на вертикални, хоризонтални
и коси простории. Протокот на водата во рудничките простотии може да биде различен
од случај до случај и променлив во однос на изработката а подоцна и во самото
користење. Во зависност од хидрогеолошките услови протокот на водата во рудничките
простории е најчесто константниот прилив. Врз основа на хисрогеолошките особини на
стените и лежиштата во кои се изработуваат руднички простории разликуваме четири
категории на рудници:

I. Стени или лежишта кои се појавуваат во цврстите стени


II. Збиени и интергранурални стени
III. Стени со разбиеност и пукнатини
IV. Стени со пукнатини и кавернозни

Прилив на вода во рударските простории при нивна изработка и подоцна во фазата


на експлоатација се прогнозира врз основа на количината на вода и слоевите врз кои
истата поминува.

ВОДЕН БИЛАНС

ПРИЛИВ НА ВОДА ВО ХОРИЗОНТАЛНИ И ВЕРТИКАЛНИ РУДАРСКИ


ПРОСТОРИИ
При изработка или издлабочени окна на одводнување е услов кој овозможува
изведување на одредени дејствија на водоносни стени. Протокот на вода во окното може
да различно а може да се очекува и проток на подземна рудничка вода, проток на
надземна вода, од колекторот на површината и артериска вода. Во самото окно може да
се сретниме и со вода од реките каде што имаме вракање на ваков прилив еднаш на сто
години (повратен период). При отворање на колекторите на вода кај хоризонтални
рударски простории доаѓа до нивно дренирање и појава на вода во самите простории.
Хоризонталните рударски простории се изработуваат со оска од 5% и со задолжителен
ископ на канал за одводнување. Затоа појавата на вода во ходниците на самиот рудник
како и прокапување на вода од горниот дел на рудникот доведува до загрозување на
работните услови, намалување на продуктивноста, продолжување на време на изработка
и зголемување на трошоците.

ОРГАНИЗАЦИЈА ВО ОДВОДНУВАЊЕТО НА РУДНИЦИТЕ

ПРИРОДНО ОДВОДНУВАЊЕ-

Природното одводнување во рудниците се врши под дејство на гравитација и се изведува


кај рудници со изразена морфологија со планински тип и отворени копови. Водата која
протекува во ваквите рудници се собира во канали и одводи во површински текови. Кај
зголемен прилив на вода во ваквите рудници се изработуваат посебни хидротехнички
објекти ровови, и канали кои можат да прифатат големи количини на вода и вода од вон
експлоатациските полиња на рудникот. Хидротехнички објекти за природно
одводнување се:

1. Канали со различни напречни пресеци и градби


2. Поткопи и процеси со различни должини за испуштање на водата
3. Таложници и останати пречистувачи на вода пред испуштање во самиот систем.
Одлуката за изборот во одводнувањето на рудниците и изградбата на објекти за оваа
намена се донесуваат според економската оправданост каде што имаме:

Ck ≤ Cod

Ck – цена на изградбата на објектот за одводнување,

Cod – цена на механичко одводнување на рудникот.

*Механичко одводнување на рудници


Механичкото одводнување на рудници се изведува со цевки и пумпи каде што
водата се исфрла на површината. Во објекти за механичко одводнување на
рудниците ги вбројуваме: собирни канали, водособирачи, пумпни комори, пумпи
и цевководи. При користење на овие механички постапки имаме и три системи:
непосредно одводнување, посредно одводнување и пумпање со бушење.
Непосредното испумпување се состои во спроведување на водата од сите делови
на рудникот до централниот водособирник низ кој водата излегува на
површината.

Посредното испумпување на водата се изведува така што водата од еден дел се


пренасочува на друг дел и тој дел водата ја исфрла на самата површина. Се изведува со
градење на канали за вода низ долгите ходници и намалување на влажноста во
просториите и воздухот. Пумпање на вода со бушење се организира во посени случаеви
кога е потребно да се скрати движењето на водата низ каналите оддалечени од рудникот
и старите копови.

*СПРЕЧУВАЊЕ НА НАВЛЕГУВАЊЕ НА ВОДА ВО РУДАРСКИТЕ


ПРОСТОРИИ

Во пракса најчесто се применува спречување на навлегувањето на вода во рударските


простории со: издигнување на објекти со отворање, преместување на речните корита,
оставање на заштитни столбови и затварање на површинските води. При изборот на
локација на објектот за отворање на еден рудник (копови, окно) мора да се утврди
водостојот на тоа подрачје. На овој начин обезбедуваме заштита за продирање на големи
количини на вода во подземните простории.

Спречувањето на продорот на подземни води во рудничките простории се изведува со


примена на следниве методи: отворање низ водонепропустливи стени, и одводнување
низ водоносни хорисзонти. При анализа на отворање на еден рудник една од варијантите
која се разгледува а воедно и применува е лоцирање на просториите за водо-
непропустливи стени со што можеме да кажеме дека тоа е најефикасниот начин за
заштита од пробивање на изненадни подземни води. Исто така во праксата применуваме
и цедење на водата со што се постигнува намалување или целосно снижување на нивото
на подземни води со различни методи и тоа: со помош на филтри, со помош на
спроводни филтри, инфилтрациони бунари и бушење во различни варијанти.
Снижувањето на нивото на подземните води со помош на филтри се применува во
рудниците со јаглен кај кои имаме водоносни стени.

Сл.3 Одводнување со дренажна цевка С.,4 Изглед на филтрите

Сл.5 Изглед на канали


Према видот на облога на каналите за вода тие може да бидат: дрвени, ѕидани и
бетонски.
Останати механизми за одводнување на рудниците:
ЗАКЛУЧОК
Одводнувањето како активност која му претходи, но и го прати технолошкиот процес на
експлоатација на наоѓалиштата, мора да ги задоволува сите нивоа на навремено и
сигурно функционирање. Најчест проблем кој ја прати површинската експлоатација на
минерални сировини, е заштитата од подземни и површински води. Навременото и
ефикасно решавање на ваквите проблеми може да гарантира безбедност и
продуктивност на технолошкиот процес. Процесот на пред-одводнување и одводнување
на рудниците со површинска експлоатација, освен што бара високо ниво на истраги од
аспект на хидрологија и хидрогеологија, бара користење на соодветни методи и системи
за одводнување. Развојот на технологијата за експлоатација која овозможува и
зголемување на параметрите на димензиите на рудниците, бара и сè поголемо присуство
на информатичката технологија во функција на мониторинг на системите за
одводнување, прибирање на податоците и нивна обработка сè со цел за навремено и
ефикасно интервенирање за заштита од дотокот на води во рудниците со површинска
експлоатација.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
V. Jovičić, A. Čović: Odvodnjavanje rudnika, udžbenik, RGF -
Beograd, Beograd 1975.
V. Jovičić, A. Čović: Odvodnjavanje rudnika, udžbenik, RGF -
Beograd, Beograd 1985.
R. Simić, D. Mršović, V. Pavlović: Odvodnjavanje površinskih
kopova, udžbenik, RI - Zemun, Beograd 1984.
M. Ignjatović, M. Miljković: Rudarska hidrotehnika, udžbenik, Institut
za bakar, Bor 2004.
S. Pajkić, M. Ljubojev: Istražno bušenje - tehnika i tehnologija,
udžbenik, Institut za bakar, Bor 2004.

You might also like