Professional Documents
Culture Documents
Вовед
1. СЕМАНТИКА ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК (ЗНАЧЕЊЕ И КЛАСИФИКАЦИЈА)
(SEMANTICS IN ENGLISH LANGUAGE (MEANING AND CLASSIFICATION)
ПАРАДИГМАТСКИ ОДНОСИ НА ЗБОРОВИТЕ (ЗНАЧАЈНИ ОДНОСИ МЕЃУ ЗБОРОВИТЕ)
(PARADIGMATIC RELATIONS (IMPORTANT RELATIONSHIPS BETWEEN WORDS)
СИНТАГМАТСКИ ОДНОСИ (SYNTHAGMATIC RELATIONS)
ЛЕКСИЧКА СЕМАНТИКА (СИНТАКСА ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК)
(LEXIC SEMANTICS (SYNTAX IN THE ENGLISH LANGUAGE)
МОДИФИКАТОРИ ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
(MODIFICATORS IN ENGLISH LANGUAGE)
СООДНОС НА ФРАЗИТЕ И МОДИФИКАТОРИТЕ ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
(THE FITNESS OF PHRASES AND THE MODIFIERS IN THE ENGLISH LANGUAGE)
2. РЕЧЕНИЦИ ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК ( ПОИМИ И РЕД НА ЗБОРОВИТЕ )
(SENTENCES IN ENGLISH LANGUAGE, TERMS AND WORD ORDER)
ВИДОВИ РЕЧЕНИЦИ ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
РЕД НА ЗБОРОВИТЕ ВО РЕЧЕНИЦАТА
4. ДЕЛОВИ НА РЕЧЕНИЦАТА И НИВНО ЗНАЧЕЊЕ
(PARTS OF THE SENTENCES AND THEIR MEANING)
(ПРЕДМЕТ -OBJECT)
ПОДМЕТ (SUBJECT)
ПРИРОК (PREDICATE)
5. ВИДОВИ СУБЈЕКТИВНИ И ОБЈЕКТИВНИ ПРАШАЊА ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
(SUBJECT AND OBJECT QUESTIONS)
ЗАКЛУЧОК
Користена литература
ВОВЕД
Подметот, или вршителот на дејството, е еден од двата главни елементи на една дел-
реченица. Подметот го врши дејството на реченицата, кое се изразува со прирокот.
Подметот има граматичка функција и преку прирокот тој се поврзува со останатите
елементи во реченицата, како што се предметот, прилогот и сл. Предметот е еден од
деловите на реченицата и често составен дел од прирокот. Предметот означува дека
некој и нешто е инволвиран во дејството на глаголот од подметот. Со други зборови,
предметот означува на кого и на што дејствува глаголот. Прирокот е еден од главните
составни елементи на реченицата.Тој го претставува името на глаголското дејствие.
Традиционалната граматика го гледа прирокот како еден од двата главни елементи во
реченицата, покрај подметот. Функцијата на прирокот е да го модифицира подметот.
Според современите теории на синтаксата, прирокот соодветува со главниот глагол во
реченицата, како и кои било помошни глаголи кои може да се искористат. Современата
теорија не ги вклучува подметот и именската фраза на предметот во прирокот. Во
главниот дел на оваа семинарска работа ке се запознаеме подетално со семантичките
улоги на предметот, подметот и прирокот во англискиот јазик.
1. СЕМАНТИКА ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК (ЗНАЧЕЊЕ И
КЛАСИФИКАЦИЈА).
Лексичко и граматичко значење: лексичките поими како стол (chair), писмо (Letter)
и книга (book) имаат лексичко значење со оглед на поимот што го означуваат а воедно
имаат и граматичко значење на пр. Книга е женски род во еднина.
Предметно и емотивно значење: предметното или референцијалното значење на се
однесува на поими кои не вклучуваат емотивна реакција како на пр: куќа, баба, земја.
Но за разлика од предметното значење емотивното значење вклучува некоја емотивна
реакција како на пр: дом, родители, татковина и сл.
Конкретно и апстрактно значење: Конкретните поими означуваат нешто одредено,
материјално, нешто што можеме да го допреме како на пр. Тетратка, стол, врата и сл. За
разлика од конкретните кај апстрактните поими означуваме нешто што е апстрактно
како на пр. Шарм, карма, лукавост, злоба, добрина итн.
Основно и преносно значење: еден поим од конкретно значење често може да добие
и секундарно значење по метафорички пат, но значњето останува непроменето на пр.
Главата е дел од човечкото тело но во метафоричко значење глава може да биде: дел
од смемејството, глава на некоја компанија, глава на некоја книга итн.
Денотативно и конотативно значење: денотацијата се однесува на примарно,
општо, неутрално и пред се ексциплитно значење на поимите.
Компонентна анализа. Пред се претставува значајна компонента кај зборовите и
поимите и понекогаш во литературата може да ја сретнеме како семантичко –
дистинктивно обележје. Збирот на ваквите обележја се нарекува семема.
Прости и изведени поими: простите поими се минимални и примитивни на пр: да
живееш, да умреш кои за разлика од изведените поими кои се парафразираат со
претходните: да се родиш ( значи да живееш), да умреш ( престануваш да живееш), да
убиеш ( значи да предизвикаш одземање на нечиј живот).
Промена на значењето на зборовите: значењето на зборовите или еден поим за жал
не е предвиден во секој јазик бидејќи семантичките промени направиле голема
еволуција на јазикот. На пример: англискиот поим "meat" во средно- англискиот јазик
означува секаков вид на храна
.
1. Полисемија: претставува поим кој означува некој друг поим и по некоја сличност двата
поими имаат исто значење (пр. Глава- книга, тело , лист – Хартија, Дрво)
2. Хомонимија: појава на два или повеќе зборови кои имаат ист гласовен збир но потполно
различно значење. Кај хомонимијата разликуваме; вистински хомоними, хомографи ( ист
правописен состав различен изговор), хомоформи ( каде што по распоредот на гласовите
зборовите се поклопуваат со некои граматички одблици) и хомофони ( зборови со ист
изговор, состав и акцент.)
3. Синонимија: претставува сосема спротивно на хомонимијата. Во синонимијата
зборовите имаат ист облик и значење. Кај овие синоними често се среќеваме со еуфемизми
односно тежнеење кон тоа непријатните поими да добијат подобро значење.
4. Антонимија: појава на постоење на поими кои се спротивни по своето значење.
Разликуваме дополнителни и релациони антоними.
Пример:
Глаголската фраза ја сочинува еден збор кој во себе може да содржи и некои додатоци
кои ги нарекуваме модификатори на глаголот.
Примери:
Пример:
In the car.
Во оваа реченица фразата во себе содржи уште една фраза the car со тоа што
имаме фраза 1 – In и фраза 2- the car.
Придавска фраза: која може да биде составена од една или повеќе придавки.
Пример:
The little white cat run away.
Примери:
The little white cat rapidly run away down the street.
А) Едноставни реченици; кои во својот состав содржат една или повеќе зборови
односно по еден подмет и еден предмет.
Треба да запаметиме дека главната разлика во подметот, прирокот и предметот е тоа што
подметот извршува одредено дејствие, прирокот е всушност тоа дејствие и предметот е
тој кој го прима дејствието. Речениците кои не го следат ова правило се граматички
неточни.
Примери:
I- S
Played- V
The violin- O
Tom- S
Loves- V
Lana- O
To whom (кого)?
S-V-ID-DO (Примери):
She gave her sister a flower. (Таа на својата сестра и даде цвет.)
She- S
Gave- V
Her sister- ID
A flower- DO
Tom- S
Bought- V
For Sally- IO
A ring- DO
S-V-DO-IO(Примери):
Tom bought a car for his mother. (Том купи автомобил за својата мајка.)
Tom- S
Bought- V
A car- DO
She- S
Is singing- V
A song- DO
To her baby- IO
I- S
Slept- V
She- S
Went- V
(ПРЕДМЕТ -OBJECT)
Поим или збир на поими во реченицата во која се изведува глаголска работа/дејствие
се нарекува предмет. Во англискиот јазик имаме глаголи кои заземаат два предмети:
едниот предмет кој е насочен кон дејствието и другиот предмет во кој се изразуваат
лицата во глаголското дејствие. Првиот предмет го нарекуваме директен предмет (direct
object) и секогаш го среќаваме на четвртиот падеж и вториот предмет е насочен кон
индиректно значење и го нарекуваме. (Indirect object). И секогаш е на третиот падеж
(genitive/possessive case).
Пример 1.
Пример 2.
Пример:
Сроден предмет (Cognate object): имаме кога неопределениот глагол има предмет
кој е именка со исто или сродно значење на глагол. Тој може да биде изразен или да се
подразбира.
Пример:
ПОДМЕТ (Subject)
Во една реченица било тоа да е прашална, заповедна, подметот е тој што ја завршува
цела реченица. Подметот одговара на прашањата кој/што (who /what) и секогаш е на
првиот падеж. Исто така подметот одредува број и лице на глаголскиот облик.
Пример:
Пример:
Исто така подметот може да биде именка неодреден член и глаголска именка.
Пример:
ПРИРОК (PREDICATE)
Делот од реченицата кој ја изразува работата на подметот се нарекува прирок. Се состои
од глаголски облик кој претставува главен дел и од додатоци.
Пример: The ball is floating.
Пример:
A boy runs.
Глаголски додатоци се: комплементот и прилошките ознаки. Збор или група на зборови
кој што го дополнуваат делимичното значење на изразениот глагол се нарекуваат
комплементи на глаголот. Глаголот кој бара ваков ви на прилошка ознака може да биде
преоден и непреоден.
Пример:
Затоа:
- Кога имаме еден или повеќе подмети поврзани со сврзникот and глаголот во
прирокот е секогаш во множина.
Пример: The boy and ihe girl (= they) were upset
John and I ( = we) have cоme together.
- Кога две именки се поврзани со and означуваат едно лице или работа а тоа значи
дека треба да изразат еден поим и подмет во еднина и логички глаголот мора да
биде во еднина.
Пример:
Именките "carriage" и "pair" изразуваат еден поим односно запрежна кола со два коња
и затоа глаголот е во еднина. "Poet" i "stateman исто лице затоа подметот и прирокот
се во еднина. Кога во друга реченица би го употребиле членот пред именката stateman
можеме да забележиме дека се работи за две различни личности (примерот подолу).
- Кога збирната именка означува збир на лица и предметот земени како целина во
глаголот и прирокот тогаш тие се во еднина. Доколку се работи за поединечна
личност или предмет тогаш глаголот е во множина.
The jury consists of twelve persons.
The jury were divided in their opinion.
- Кога две или повеќе именки се поврзани со "either... или "neither, nor" глаголот
во прирокот е исто така во еднина.
Either you or your brother is blamed for to this,.
Neither he nor she was present at the meeting.
- Кога подметот е составен од именка или заменка и не се во исто лице а поврзани
се со сврзниците "or, nor" тогаш глаголот во прирокот се соединува со последниот
споменат поим во подметот.
Either John or I am to get the prize или Either John is to get the prize or I am.
- Кога делот од подметот е поврзан со еднина со сврзникот "or, nor" со друг дел кој
е во множина тога подметот во множина треба да го ставиме до глаголот а со тоа
глаголот и прирокот би биле во множина.
Neither the book nor the notebooks are in the desk.
- Кога после "each, either, neither" доаѓа именка или заменка глаголот е секогаш во
еднина.
- Два или повеќе зборови поврзани со "as well as" имаат глагол во еднина.
A pen as well as a pencil was left on the window.
- Кога имаме поделена придавка која означува два или повеќе зборови во еднина
тогаш глаголот доаѓа во еднина.
Every leaf, every twig, every drop of water teems with life.
Agens (agentive) претставува живо суштество кое потекнува или предизвикува некоја
активност изразена со глагол. Исто така претставува прототипична семантичка улога на
предметот во кој е присутен и директниот подмет.
Директниот подмет има семантичка улога на локатив (lokative) со глаголите walk, swim,
pass, jump, turn, leave, reach, surround, cross, climb.
Реченицата е често објаснета како граматичка категорија која содржи еден или повеќе
зборови кои имаат минимална синтаксна врска со зборовите кои следат или претходат.
Реченицата може да вклучи група зборови кои може да искажат исказ, прашање, извик,
заповед, наредба или предлог. Според правописната терминологија, реченица се
дефинира како сè што се наоѓа меѓу големата буква (почетокот на реченицата)
и точката (крајот на реченицата). Реченицата може да содржи службени и полнозначни
зборови. Речениците се разликуваат во зависност од природата на јазикот, па така, некои
реченици во некои јазици имаат интонација, акцент и сл. Во повеќето јазици речениците
се класифицираат според главниот глагол. Помала единица од реченицата е дел-
реченицата. Основен член на реченицата е прирокот. Без прирок (лично - глаголска
форма) нема реченица. Прирок е главниот, но и основен член на реченицата. Штом
имаме прирок, имаме и реченица (или, без прирок, нема реченица). Предметот е еден од
деловите на реченицата и често составен дел од прирокот. Предметот означува дека
некој и нешто е инволвиран во дејството на глаголот од подметот. Со други зборови,
предметот означува на кого и на што дејствува глаголот. Подметот, или вршителот на
дејството, е еден од двата главни елементи на една дел-реченица. Подметот го врши
дејството на реченицата, кое се изразува со прирокот и има граматичка функција и
преку прирокот тој се поврзува со останатите елементи во реченицата, како што
се предметот, прилогот и сл.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Essential Business Grammar and Usage, Market Leader, Peter Strutt, Pearson/Longman, 2010.
Vjekoslav Karlovčan, A Survey of English Grammar, Nakladni Zavod Matice Hrvatske, 1989.
www.englishpage.com
www.grammar.cl
https://learnenglish.britishcouncil.org
https://en.oxforddictionaries.com