You are on page 1of 7

Вештачки езера

Матка и Козјак

Изработи: Meнтор:
Мартина Јовевска II-2 Невенка Маролова
2 Матка:
 Општи карактеристики:

Комплексот на езерото Матка се наоѓа на приближно 15


километри западно од центарот на Скопје.
Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија,добиено
е со преградување на реката Треска со брана („Св. Андреја
“), и создавање на вештачка акумулација во кањонот Матка
во 1938 година. Езерото е порибено и често пати се
користи и за спортски риболов.
 Пештери:

Во Матка има и десетина пештери, со различна големина и


старости две пропасти со длабочина до 35 метри. Во
основа, пештерите се делат на стари, зрели и млади.
Позначајни се Убава,Крштана и Врело.
Матка е препознатлива по пештерата Врело една од
петте најдлабоките подводни пештери во светот.
Подводната пештера „Врело“ е лоцирана во кањонот
Матка од десната страна на реката Треска. Таа е
составена од две пештери една над и една под водата. На
таванот е вистински „дожд“ од сталактити, а не помалку
зачудуваат неколкуте столбови.
Во пештерата има и т.н. „концертна сала“, од чија лева
страна се таканаречените „пишани камења“. Станува збор
за систем од знаци, можеби и за писмо.Во оваа убавина се
наоѓа и малечката црква од 14 век - Св. Андреа, а во нејзина
близина се наоѓа и ресторан со вкусна македонска храна.
 Флора и фауна:
3 Постојат околу 200 видови на ретки пеперутки,
околу 1000 растителни видови, од кои 20%
ендемски или многу ретки и смарагдно зелена
вода. Од терциерните реликти, позначајни се
кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и
наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). На
локалитетот Матка се откриени два нови
видови на вистински пајаци и пет
лажни скорпии.

 Употреба:
Матката, меѓу другото е и срцето на
алпинизмот во Македонија. Омилено
собиралиште на излетниците и посетителите
е местото кај манастирот св. Андреј, каде се
наоѓа планинарски дом и ресторанот на
спелеолошкото друштво „Пеони“. Алпинистите
се искачуваат главно на 5 локалитети:
Централа, Отмарова Капа, Карпа кај
домот,Маткино Трло и Иглите на Матка.

Покрај останатите содржини кои се нудат,


тука е и Кајак центарот, каде што е одржано
Првото светско првенство во кајак на диви води
во 1975 г. и Европското првенство во 2004 г.
Водата од езерото се користи за добивање на
електрична енергија, но и за наводнување на
селата во околината.
4 Козјак:
 Општи карактеристики:
Езерото Козјак се наоѓа во западниот дел од Македонија, односно во
поречкиот крај. Се наоѓа на реката Треска, во нејзината Голема
Клисура, на 15 км спротивно од браната на реката Треска. Познато е
под името Поречко Езеро. Езерото Козјак е најголемо вештачко езеро
во Р. Македонија, а пред сè по вкупното количество вода. Веднаш зад
него се Мавровско, Тиквешко и езерото Калиманци.
Козјак е долго 32 километри, длабоко130 метри, а максималното
растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри. Се наоѓа на
идеална надморска височина од неполни 300 метри. Има најбогат рибен
фонд. Основата на браната е 500 метри, а круната или врвот 310
метри. Водите на реката Треска кои го напојуваат езерото, се
вбројуваат меѓу најчистите води на Балканот. Езерото зафаќа
површина од 13.5 км², а акумулира 570 милиони м³ вода. Езерото е
создадено во 2004 година.

 Флора и фауна:
Акумулацијата Козјак има најбогат рибен свет во Македонија. Тука се
среќаваат 10 видови риби меѓу кои: кленот, виножитната пастрмка,
мрената, боцкалката, попадиката, крапот, вардарката, скобустот и
поточната пастрмка. Ова вештачко езеро, претставува атрактивно
место за рекреативните риболовци, кои доаѓаат тука преку цела
година. Риболовот е дозволен покрај целото езеро, освен во двата
залива на Јасен Пеколник и Коломот, кои се претворени во привлечни
плажи за посетителите.
5  Природни резервати:

Природниот резерват Јасен,откако се


отвори за јавноста, прерасна во многу
атрактивно место за изградба на викенд-
населби, а една од новоизградените е
Близанско. Тука сè уште не е направен
асфалтиран пат, што го прави начинот на
превезување интересен и многу атрактивен.
 Употреба:

На функционалноста и атрактивноста на
езерото, се надоврзува и изградбата на т.н.
воден лифт, со којшто се регулира водостојот
на водата во езерото. Оние што ја познаваат
силата на водите на реката Треска, спокојно
тврдат дека благодарение на браната, на
Скопје не може да му се повтори поплавата од
1962 година, кога центарот бил претопен во
езеро длабоко повеќе од 2 метри.
Браната ги штити од различни метеоролошки
прилики Скопје, Скопско Поле и сите зелени
појаси по должината на реката Вардар. Воедно
се смета и дека Козјак ќе обезбедува вода за
пиење и индустриска вода во наредни 100
години.
6 Содржина:

 Матка – општи карактеристики и пештери 2


 Матка – флора/фауна и употреба 3
 Козјак – општи карактеристики и флора/фауна 4
 Козјак – природни резервати и употреба 5
7 Користена литература:

 http://ajdenaodmor.mk/vest/33587/%D0%9A%D0%BE%D0%B7%D1%98%D0%B0%D0%BA%20-
%20%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE
%D1%82%D0%BE%20%D0%B8%20%D0%BD
%D0%B0%D1%98%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE
%20%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%BE
%20%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9C
%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0
 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B0_(%D0%B5%D0%B7
%D0%B5%D1%80%D0%BE
)
 http://forum.kajgana.com/threads/%D0%A3%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD
%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D1%82%D0%BA
%D0%B0.39996/

You might also like